ИСТРАЖУВАЊЕ / ПРАШАЛНИК – ЖЕНИ И ДЕВОЈКИ ЖРТВИ НА НАСИЛСТВО

Прашалник / Истражување

Почитувани,
Во рамките на проектот ,,Институционализирање на квалитетни сервиси за рехабилитација и интеграција на жени жртви на насилство” кој финансиски е поддржан од Австриската Агенција за Развој (АДА), a го спроведува Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство во партнерство со 5 земји од Западен Балкан: Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Косово и Албанија, во соработка со „Женска акција“ Радовиш, спроведува истражување кое има за цел да ги процени потребите на жени и девојки жртви на насилство, кои живеат на територијата на општините Радовиш и Конче. Во таа насока би сакале да Ви поставиме прашања во врска со некои важни аспекти од животот на жената кои се многу лични.

Вашите одговори се од суштинско значење во разбирањето на состојбите на жените и девојките кои трпат било која форма на насилство (психичко, физичко, економско, сексуално, демнење, присилен брак, присилен абортус, трговија со жени, сексуално вознимирување преку интернет).

Се надеваме дека ќе бидете подготвени да одговорите на прашањата во колку што е можно повеќе детали.

За да избегнеме било какви непријатности прашалникот е анонимен и ве уверуваме дека вашите одговори се целосно доверливи.

 

Ви благодариме однапред за одвоеното време и труд за пополнување на овој прашалник.

Прашалникот е достапен на следниот линк: ПРАШАЛНИК

 

„Женска акција“  Радовиш

 


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови


 

 


 



 

 

 

 

 

About the author /


Related Articles

Временска прогноза