МЛАДИ ЗЕМЈОДЕЛЦИ, РУРАЛНА ЖЕНА, МЕХАНИЗАЦИЈА – Програма за Рурален развој 2021

Програмата за Рурален развој за 2021 година на МЗШВ излезе во Службен весник.

Средствата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2021 година во вкупен износ од 1.196.897.000 денари се обезбедени
согласно Буџетот на Република Северна Македонија за 2021 година.

Планирани се мерки како поддршка за поттикнување на земјоделско производство во висина од 20 000 евра неповратни средства, Поддршка за млади земјоделци за започнување со земјоделска дејност во висина од 10 000 евра, Поддршка за активен женски член во земјоделско домаќинство 3000 евра и други важни мерки.

Новина годинава е средства за набавка на специјални комбајни за жетва на ориз со сецкалици на сламата, а ќе има повици и за механизација, системи за наводнување, набавка на пчелни матици и роеви, набавка на добиток и подигнување на нови насади.

Дел од средствата од делот I на оваа програма во износ од 11.197.000 денари се наменети за Фондот за иновации и технолошки развој согласно член 26 од Законот за иновациска дејност.

 

Повеќе: Агротим

 

Фото: Архива


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови


 

 


 


 

 

 

 

About the author /


Related Articles

Временска прогноза