Грција ги отвора границите на 14 мај и за македонските граѓани, напиша на својот ФБ профил денес Министерот за здравство Венко Филипче.
„Тоа што јас земав обврска утрово е да испратам како ќе изгледаат нашите сертификати за вакцинација со сите потребни кодови и листата на официјални и овластени лаборатории кои што можат да издаваат и ПЦР тестови“, напиша Филипче, додавајќи дека се надевајќи дека нема нешто лошо драстично да се случи што ќе ја влоши епидемиолошката состојба во двете земји.
Притоа, ќе биде задолжително да се покаже потврда за вакинација или негативенн ПЦР тест.
„Ние имаме многу честа комуникација и со грчкиот министер за здравство, а утрово разговарав и со грчкиот министер за туризам Теохарис, и тој ме извести дека двата гранични премини Дојран и Евзони ќе ги отворат на 14 мај и за македонските граѓани“, напиша Филипче.
Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови