ОДРЖАНО ПРОДОЛЖЕНИЕТО ОД 53 СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ

Вчера во СОУ „Коста Сусинов“ беше одржано продолжението од 53 седница на Советот на општина Радовиш.

Советот не успеа поради повторни несогласувања да донесе голем број на предлог одлуки, мнозинството го немаше потребниот број на советници за изгласување на овие одлуки. Повторно на разгледување се вратија и одлуките за распределба на финансиски средства на спортските клубови.

 

Нашата редакција е во подготовка за следните седници со транспарентно известување – без цензура со цел запознавање на граѓаните со работата на Советот и донесување на одлуките во живо преку Live Stream директно да ги пренесува седниците на Советот на општина Радовиш.


Инаку оваа 53 седница беше продолжение на седницата која се одржа на 23 февруари, тогаш Советот немаше кворум за работа со што беше прекината седницата.

ПРЕКИНАТА 53 СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА РАДОВИШ


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови


 

 


 


 

 

About the author /


Related Articles

Временска прогноза