ПОЛЕНОВ ПРАВ

Збир на поленови зрнца (машки гаметофити) од цветните растенија, ситен прав збогатен со секрецијата од жлездите на пчелите и со нектар. За разлика од поленот на растенијата кои се опрашуваат со ветер, поленот собиран од пчелите, по правило не е алерген затоа што пчелите додека го собирааат и го обработуваат со ферменти (ензими), а овие ензими се причина за уникатното делување на поленот на човечкиот организам.

Поленот делува антиинфламаторно, го забрзува зарастувањето на раните, го стимулира растот и регенерацијата на оштетените ткива (посебно важно за црниот дроб) позитино делува во лекувањето на коронарната срцева болест, ревматска срцева болест, го нормализира срцевиот ритам, хипертензијата, хипотензијата, ја подобрува циркулацијата и ги зајакнува капиларите, посебно церебралните крвни садови, ја подобрува липидната размена.

Во него се содржат речиси сите минерали кои ги има во крвта, посебно е извор на железо, бакар и манган. Со поленот младите пчели за неколку дена од ларва стануваат пчели (1500 пати го зголемуваат обемот).
На пчелите работнички им помага за функција на жлездите кои произведуваат восок, на трутовите им е неопходен за правилен развиток и функција на половиот систем, матицата мора да добие полен, бидејќи е неопходен за производство на матичен млеч. Поленот е основен материјал за создавање на пергата (пчелин леб), која е резервна храна за преживување на пчелите во долгите и ладни сибирски зими.
Во 1991 година истражувачкиот тим на руските научници заедно со стручњаците од компанијата “Тенториум” работеле на испитување на “својствата на DNK-nukleaza”. Овој тим открил, дека одредени ензими на поленот, влегуваат во јадрото на клетките на човекот и се вклучуваат во процесите на синтеза на клетките и на тој начин ги “реконструираат” оштетените ланци на DNK.

Секое зрно од полен има различен биохемиски состав. Составот зависи од растенијата, климата каде растат и цветаат, но и од годишното време. Како се собира, суши и со каква храна се консумира поленов прав?

Ако медот е извор на енергија, тогаш поленот е огромна ризница на хранливи материи. Содржи витамини, минерали, протеини и други многу вредни компоненти од непроценлива важност и за луѓето и за пчелите. Тоа е полен од растенија што пчелите го собираат и го носат во кошницата за време на сончевите денови кога пасиштата се богати со полен.

Од големо значење е за добро презимување и развој на пчелното друштво. Но, секако и за човечкиот организам. Производителите редовно го собираат во време кога овие корисни инсекти го носат во кошницата во количини многу поголеми од потребните за функционирање на пчелното друштво. Се собира со употреба на специјални фаќачи , а потоа се суши и се чува во соодветни услови.

Содржи околу 250 супстанции. Богато е со витамини, минерали и ензими. Се смета дека содржи повеќе протеини од било која храна од животинско потекло како месо, млеко или јајца. Секое зрно од полен има различен биохемиски состав во зависност од растението, климата каде растат и цветаат, сезоната. Експертите тврдат дека некои растенија содржат дури 20 пати повеќе каротин од морковот. Затоа се вели дека е исклучително важно за развојот на пчелното општество, а за човекот тоа е храна и лек.

Пчелите носат околу половина килограм поленов прав на ден

За да го соберат, производителите ставаат специјални колектори на кошниците. Преку нив пчелите се движат кога влегуваат, а потоа им се вади дел од поленот од нозете. Другите остатокот го внесуваат во кошницата. Купиштата поленов прав паѓаат низ мрежната жица во мала фиока. Од тука пчеларите го собираат и понатаму го подготвуваат за употреба.

Пчеларот Павел Шастван вели дека поленот редовно го собира и продава и дека пчелите му даваат многу повеќе од мед. Има комора за сушење и кога собира доволно количество, го суши.

Тој го собира секој втор ден, го чисти добро, па го пакува во соодветно пакување. Го чува во замрзнувач додека не се исуши. Пчелите му носат околу половина килограм полен на ден при добро пасење.

„Поради високата концентрација на влага, мора да се исуши, а тоа најдобро се прави во контролирани услови, односно во комори кои обезбедуваат правилно сушење без губење на квалитетот и супстанциите што се во неговиот состав“, вели тој.

Сувиот полен се чува на суво и темно место 

Комората за полен, има полици во форма на фиоки, дигитална терморегулација, грејач и вентилација, а капацитетот е до 30 кг, додека процесот на сушење зависи од влажноста и количината на полен во нив.

„Го редам во тенок слој во овие полици каде што обично се суши два дена, се додека не се постигне влажност од околу 10 проценти, а потоа оди на вентилација за да се исчисти од нечистотии, а чистиот е спакуван во соодветно пакување“.

Така исушено, може да се чува на суво, ладно и темно место до продажба, и секако може да се меша со мед, но мора постојано да се следи, бидејќи може да се случи да влезе молец и да направи штета.

Неговата боја варира од светло жолта до црна и обично е портокалова, додека зрната се разликуваат по формата, големината и тежината, во зависност од растенијата од чии цвеќиња пчелите го собирале.

 

*фото Архива

 


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови


 

 


 

 


 

 

 

 

 

Related Articles

Временска прогноза