ПОЛИЦИСКИ ЧАС ОД ВЕЧЕРВА

На предлог на Комисијата за заразни болести со цел да се спречи натамошен пораст на бројките на заболени и хоспитализирани од COVID-19 Владата одлучи од денеска до 22 март биде воведен полициски час што ќе трае од 22 часот вечерта до 05 часот наутро, а движењето во време на ограничувањето ќе биде можно само со дозволи.

Во насока на заштита е и одлуката на Владата сите домашни и странски физички лица, патници од земјите од Афричкиот континент, кои влегуваат на граничните премини на територијата на Република Северна Македонија, задолжително ќе се упатуваат во 14 дневна домашна изолација (карантин). За сите видови групни или индивидуални патувања, патниците од земјите од Африка кои транзитираат низ територијата на Република Северна Македонија, задолжително ќе биде потпишувањето на Изјава за транзитирање. Донесени се и мерки за задолжителен домашен карантин на странски и наши граѓани кои се враќаат од Африка, да се обезбеди соодветен објект за државен карантин.

Од Владата најавија дека ќе ја следат состојбата и оти следните мерки ќе бидат носени согласно тоа како таа ќе се развива.

Првите мерки за заштита од коронавирусот беа донесени пред точно една година. На 10 март беше донесена одлука да се прекине со воспитно – образовниот процес и наставата во сите детски градинки, основни и средни училишта и високо – образовни установи и во јавните научни институти на територијата на Република Северна Македонија, прво во траење од 14 дена, но потоа времетраењето беше продолжено. Беа прекинати и сите воншколски или дополнителни програми како што се курсеви за странски јазици и слично.

За спроведување на оваа мерка еден од родителите на децата до 10 години, што беа ослободени од обврската да одат во градинките или да ја следат наставата, беа ослободени и од обврската да ги извршуваат работните обврски. Од работни обврски беа ослободени и бремените жени и хроничните болни лица.Меѓудругото, беа забранети масовни собири и настани на отворен и затворен простор, а беше забрането и присуство на гледачи (публика) на сите спортски настани.

Воведена беше задолжителна самоизолација на сите лица кои доаѓаат од високо и средно ризичните држави, а забранет беше извоз на медицинска опрема и медицински средства и материјали од страна на економските оператори и производители. Се препорачуваше избегнување на патување во земји кои се од висок и среден ризик.

Одлуката за првиот полициски час беше донесена на 21 март лани, а почна да важи од следниот ден на 22 март и тоа во период од 21 навечер до 6 часот наутро секој ден. На 25 март лани беше донесена првата одлука за забрана на движењето на сите граѓани за време на викендот (сабота и недела) од 16 часот до 5 часот. 

 

*фото Архива

 


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови


 

 


 


 

 

About the author /


Related Articles

Временска прогноза