ПРЕКУ ВЕБ-АПЛИКАЦИЈА ПОЧНУВА ПОПИШУВАЊЕТО

Почнува попишувањето на одредени категории граѓани како вработените во дипломатско-конзуларните претставништва и нивните семејства, на дијаспората, припадниците на армијата во странство, затворениците и бездомниците.

Оваа активност во рамки на Пописот на населението, домаќинствата и становите ќе се спроведе од денес, 1 март до 21 април.

Самопишувањето на лицата во дипломатско-конзуларните претставништва на Македонија во странство, се врши преку  пописната апликација до која може да се пристапи преку следниве веб-страници: www.stat.gov.mk и https://popis2021.stat.gov.mk/default.aspx.

Самопопишувањето подразбира пополнување на пописната апликација од страна на самото лице кое е единица на попис.

Податоците за домаќинството ги дава полнолетен член во домаќинството кому податоците му се најмногу познати, а за децата до 15 години, еден од родителите, посвоителот или старателот.

Лицето кое ги дава одговорите за Пописот е должно на сите прашања да даде точни и целосни податоци.

Податоците при самопопишувањето ќе се запишат според состојбата на ден 31 март  2021 година во 24:00 часот, односно на полноќ, меѓу 31 март и 1 април  2021 година. На веб-страницата на МНР се обрајвени и телефонски броеви за контакт за информации за Попис 2021.

Во периодот од 1 до 15 март заедно со Министерството за одбрана ќе бидат попишани лицата што за време на Пописот се наоѓаат во служба на Армијата на Македонија, во државата или во странство, заедно со Министерството за правда ќе се изврши попишување на лицата што за време на Пописот се наоѓаат во притвор или на издржување казна затвор во затворите, казнено-поправните установи и воспитно-поправните домови и заедно со Министерството за труд и социјална политика ќе бидат попиани лицата бездомници.

Пописот на населението, домаќинствата и становите во Македонија ќе се спроведе во периодот од 1 до 21 април 2021 година.

 

 


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови


 

 


 



 

 

 

 

 

About the author /


Related Articles

Временска прогноза