ПЧЕЛАРИТЕ СО 10 ПЧЕЛНИ СЕМЕЈСТВА МОЖАТ ДА АПЛИЦИРАТ ЗА СУБВЕНЦИИ

Пчелари со регистрирани минимум 10 презимени пчелни семејства, ќе имаат право да аплицираат за субвенции

На седницата на Владата, донесена е одлука со која ќе им помогнеме на пчеларите.

На нивно барање, направивме измена со која досегашниот минимум за регистрирани презимени пчелни семејства од 35 се намалува на 10. Ова значи дека сите пчелари кои имаат регистрирано минимум 10 презимени пчелни семејства, ќе имаат право да аплицираат за субвенции.

Со ова, ќе го стимулираме пчеларството, како битна сточарска гранка, која ќе придонесе за поголем рурален развој. Истовремено ќе го зголемиме производството на мед и пчелни производи, а тоа на нашите простори има долга традиција, која ние со ваквите мерки ќе придонесеме да се развива уште повеќе.

Висината на директните плаќања презимено пчелно семејство изнесува 600 денари по пчелно семејство.


Согласно Уредбата за директни плаќања за 2021 година на корисници за регистрирано презимено пчелно семејство , објавена во Сл. Весник на РСМ бр.12/2021, детално ви ги претставуваме поблиските критериуми за директни плаќања, кој може да биде корисник на средствaта, максималните износи и начинот на директните плаќања за оваа година.

Мерка 2.17: Директни плаќања за регистрирано презимено пчелно семејство

-Корисници на оваа подмерка се земјоделските стопанства кои поседуваат минимум 10 регистрирани презимени пчелни семејства;

-Висината на директните плаќања изнесува 600 денари по пчелно семејство, односно 800 за оние земјоделски стопанства со пријавен број на пчелни семејства за финансиска подршка од минимум 50 до максимум 100 пчелни семејства.

-Задолжително одржување на бројот на пријавените презимени пчелни семејства е до 31.10.2021 година.

Мерка 2.18: Дополнителни директни плаќања од подмерка 2.17. за пчелни семејства вклучени во селекција за производство на пчелни матици

-Корисници на оваа подмерка се земјоделските стопанства запишани во Регистерот на одгледувалишта на пчели и се одобрени институции (одгледувалишта на пчелни матици);

Висината на директните плаќања изнесува 1.000 денари по пчелно семејство кое е во контрола и е вклучено во селекција за производство на пчелни матици.

Мерка 2.19: Дополнителни директни плаќања за зголемен пријавен број пчелни семејства од бројот за кој е исплатена финансиска поддршка од претходната календарска година за подмерката 2.17

-Корисници на оваа подмерка се земјоделски стопанства кои имаат пријавено зголемен број на пчелни  семејства од претходната година, запишани се во Регистарот на одгледувалишта на животни и Регистарот на одгледувалишта на пчели и се корисници од подмерката 2.17. на оваа уредба;

-Висината на директните плаќања изнесува од 30% од утврдената во основната подмерка 2.17 и се однесува на зголемениот број.

Спроведување на подмерките на директните плаќања во поглед на утврдување на бројната состојба презимени пчелни семејства се вршат врз основа на податоци од Регистарот за идентификација и регистрација на домашни животни на денот на поднесување на барањето.

Спроведување на подмерката 2.18. од оваа уредба се врши врз основа на податоци од Регистарот на одгледувалишта на пчели во Агенцијата за храна и ветеринарство, Регистарот на одобрени институции–одгледувалишта на пчелни матици во Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Крајниот рок за поднесување на барањата по одделните подмерки 2.17, 2.18 и 2.19 од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2021 година е до 31 мај 2021 година.

Пријавувањето за субвенции за 2021 година се очекува да започне во почеток на месец април.

 


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови


 

 


 


 

 

Related Articles

Временска прогноза