ДЕНЕСКА ЌЕ СЕ РЕШАВА ЗА ВРАЌАЊЕ НА ПОЛИЦИСКИОТ ЧАС

На денешната седница Владата треба да се произнесе по предлогот на Министерството за здравство и Комисијата за заразни болести за воведување на полициски час од 22 часот навечер до 5 часот наутро, на територија на цела држава.

Според најавите полицискиот час би бил заведен од утре и би траел две недели. Министерот Венко Филипче образложи дека овој предлогот на Комисијата е поради тоа што во изминативе недели најмногу инфицирани има поради трансмисија на вирусот преку собири, но и непочитување на воведените мерките за носење заштитна опрема, држење дистанца и негрупирање.

Комисијата преку нивните анализи утврдиле дека поради непочитување на мерките, ќе има нови случаи на заразени, но и зголемен број хоспитализирани. Од таа причина Комисијата смета дека една ваква ригорозна мерка ќе има ефект.

-Има групирање по затворање на угостителските објекти . Засега предлогот за полициски час е тоа да биде две недели,  но може да има и измена на таа препорака. Некои други мерки засега не предвидуваме. Комисијата апелираше Инспекторатот колку може да ја интензивира работата во смисла на контрола и проценка дали се почитуваат препораките. Сите инспекторати сега имаат зголемени ингеренции, а ние ситуацијата ја следиме, па ако треба ќе носиме нови препораки – потенцира Филипче.

*фото Архива


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови


 

 


 


 

 

Related Articles

Временска прогноза