ДЗС: СТАПКАТА НА СЛОБОДНИ РАБОТНИ МЕСТА ИЗНЕСУВАЛА 1.57 %. ВО ЧЕТВРТОТО ТРИМЕСЕЧЈЕ МИНАТАТ ГОДИНА

Според податоците на Државниот завод за статистика, во четвртото тримесечје од 2020 година, стапката на слободни работни места изнесува 1.57 %.

Највисока стапка на слободни работни места од 4.13 % има секторот Б – Рударство и вадење на камен, додека најмала е стапката во секторот Г – Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација, во кој изнесува 0.06 %.

Деловните субјекти со број на вработени од 50 до 249 имаат највисока стапка на слободни работни места која изнесува 1.89 %.

Пелагонискиот Регион има највисока стапка на слободни работни места која изнесува 2.37 %.

 

Најголем број слободни работни места, односно 2 044, има во петтата група на занимања – Работници во услужни дејности и продажба.

 

*ДЗС


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови


 

 


 



 

 

 

 

 

Related Articles

Временска прогноза