ДОГОВОР ЗА ГЛАСАЊЕ НА ПАКЕТОТ АНТИКРИЗНИ ЗАКОНИ ЗА КОВИД-19

Комисијата за финансирање и буџет беше закажана откако вчера беше постигнат договор помеѓу пратениците кои го изгласаа дневниот ред на 36. седница, а по предлог на координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, се договорија да ги повлечат сите точки и да расправаат само за трите закони од петтиот пакет антикризни мерки, како и за предлог-одлуката за изменување на Одлуката за одобрување на продолжување на рокот за постоење кризна состојба на дел од територијата на Македонија. И за оваа одлука пратениците од АА и Алтернатива имаат поднесено околу 400 амандамни кои од Комисијата за одбрана се дадени на превод.

„Очигледно дијалогот вроди со плод, за да бидеме конзистентни кон 12.000 компании и физичките лица кои вршат самостојна дејност, барам од пратениците да го поддржат предлогот што го даваме неколку дена – за итна помош на компаниите по основ на петтиот пакет мерки. Имаме на оваа седница и наши точки, но подготвени сме да ги одложиме за да поминат овие, за економските мерки. Затоа барам поддршка, за граѓаните да не го гледаат овој театар. Сите точки од дневниот ред да се повлечат и да останат одлуката за кризна состојба, точката за поддршка на физички лица, предлог-законот за финансиска поддршка на работодавачите, како и предлог-зконот за изменување на Законот за личен доход по скратена постапка. Потоа очекуваме да се закаже и Комисија за финансирање и буџет и да престанеме да бидеме здодевни со нашите игри“, истакна Мицевски, образложувајќи го предлогот.

Спикерот Џафери пред да го стави предлогот на гласање, рече дека работите и нештата за функционирање на Собранието треба да се одвиваат внатре, во Законодавниот дом, а не надвор.

„Останав конзистен на фактот дека процедурите подразбираат одлука на пленумот, а не моја волја. Се што зависи од мене лично ќе биде спрoведено во полза на интересот на Собранието, а по ваш избор“, подвлече Џафери.

За збор процедурално се јави и координаторот на СДСМ, Јован Митревски со забелешка дека ВМРО-ДПМНЕ можела да ги повлече од неа поднесените точки, а не да бара сега нивно повлекување.

„Сакам да изразам жалење за професионалните војници, за здравствените работници, за Законот за служба во АРМ кој предвидува 25.000 евра отпремнина, што ќе мора да почекаат“, рече Митревски.

Владејачкото мнозинство во Собранието има 62 пратеници, а двајца од нив беа позитивни на ковид-19. Без опозицијата мнозинството нема кворум за работа и не може да носи закони. Мнозинството го прифати предлогот на ВМРО-ДПМНЕ на 36. седница да бидат разгледни само тие четири точки, а тие да направат кворум за да можат антикризните мерки да се реализираат што поскоро. Меѓутоа, поради блокадата на Законот за државјанства од страна на ВМРО-ДПМНЕ и Левица, пратеничката група на Алијансата за Албанците и Алтернатива ги блокира овие закони со околу 3.000 амандмани, како и одлуката за продолжување на кризната состојба со околу 400 амандмани, но и 20 други закони со над 32.000 амандмани.

 

*фото Архива


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови


 

 


 


 

 

 

 

Related Articles

Временска прогноза