ЗАШТИТА НА РАСТЕНИЈАТА ОД ПРОЛЕТЕН МРАЗ И НИСКИ ТЕМПЕРАТУРИ

Ниските температури негативно влијаат врз основните физиолошки процеси во растението со тоа што прво ги забавуваат, а потоа целосно ги прекинуваат. При температури под 0 ° С,  доаѓа до формирање на мраз  во растението.

Мразот се шири и ја извлекува вода од клетките на растението, со што доаѓа до  голема загуба на вода во клетките, а со тоа и до нивна смрт. Покрај тоа, мразот врши голем притисок врз клеточните sидови за време на пробивањето и  предизвикува кинење на ткивота. Степенот на оштетување на растенијата од мраз зависи од: времето кога се  појавува на мразот, интензитетот и времетраењето, потоа  од видот и сорта на растението, фазата на развој и состојбата на растението. Мразот  кој се јавува во рана пролет може да предизвика сериозни оштетувања на земјоделските култури. Сепак, значителен дел од овие штети можат да се спречат со примена на активни или пасивни форми на заштита од мраз.

Активни методи за заштита од мраз

Активните методи за заштита од мраз вклучуваат: конзервација (зачувување) на топлината, додавање на топлина и мешање на воздухот.

Конзервацијата односно зачувувањето на топлината вклучува задржување на топлината од почвата во подземниот слој на воздухот во текот на ноќта. Ова може да се направи на неколку начини:

Со покривање на растенијата

Оваа метода најмногу се користи за заштитата на градинарските култури и цвеќињата, како и кај овоштарниците и лозјата, а исто така е и наједноставниот начин за заштита на земјоделските култури од мраз. Заштитата може да се изврши со отпаден материјал од земјоделски стопанства (слама, ѓубриво, лисја, гранки, тресет …), индустриски производи (ткаенини, стари чорапи, вреќи, брановиден картон, подебел весник, …) и хемиски производи. (стаклена волна, порозна пена, вештачки снег, пластични чаршафи …).

Еден од начините за  да се намали преносот на топлината од земјата е да се создаде вештачка магла од разни хемиски реагенси во цврста или течна состојба како што се амониум хлорид, тетрахлорид, фосфор-пентоксид, итн. кои се распрснуваат со разни апарати или со помош на земјоделско воздухопловство. Маглата создадена на овој начин може да се одржи над заштитеното подрачје подолго време.

Зачадувањето е најстарата и најевтината заштита од мраз. Облакот на чад штити и спречува емисија на топлина, а со тоа го ублажува ладењето на пониските слоеви на воздухот. Согорувањето на разни претходно подготвени материјали кои произведуваат густ чад и кои не горат брзо, како што се стари гуми од автомобил, дрво, ѓубриво, пилевина, влажна слама и лисја со катран, создава завеса од чад што ја штити почвата и овошјето од голема загуба на топлина. Густиот чад спречува да се зрачи топлината, а самите огништа испуштаат одредена топлина. За овој метод да биде ефективен, неопходно е да се постават околу педесет огништа на еден хектар. Ако постои опасност од мраз, најдобро е да го запалите огнот околу полноќ, така што овошните дрвја се заштитени сè додека не се појават најсилните мразови наутро и завесата треба да се одржува до изгрејсонце. Во овоштарникот треба да се постават соодветен број на купчиња од материјали што даваат густ чад. Кога метеоролозите најавуваат дека ќе има мраз, на полноќ подготвените купчиња треба да  се запалат така што ќе тлеат и ќе чадат  до зори. Ако се примени навреме оваа мерка , чадот може да ја зголеми температурата за 0,5 ° C на 1,5 ° C, што во некои случаи е доволно за да се заштити овошјето од мраз. Значи, можно е  со оваа метода да се сузбијат слабите мразеви до -4 °Ц.

Прскање (оросување).

Прскањето на растенијата  е најмодерен, а во исто време и најбезбеден начин за заштита од мраз и подразбира создавање на вештачки дожд (оросување). Последиците од овој вид на заштита од мраз  се, зголемување на  влажноста на воздухот, мешање на ниските слојеви на воздухот,  се зголемува топлинската спроводливост на почвата и  се донесува дополнителна топлина преку честичките на водата. Овој метод не ја зголемува температурата на воздухот, но плодовите се  заштитени од мраз на таков начин што температурата на самата култура е зачувана и не дозволува таа да падне под точката на мрзнење.

Мразот ја покрива површината на цветот или штотуку формираното овошје, додека ткивото на овие органи е заштитено со покачена температура генерирана во тој процес. Ледената кутија што се формира  всушност е изолатор што ја штити културататемператури под нулата се  додека  трае мразот. Се додека водениот слој постојано се одржува, температурата на заштитените делови од растенијата нема да падне под 0 ° С. Бидејќи испуштената топлина зависи од количината на вода што преминува во мраз, потребен е поголем интензитет на врнежи од дожд во случај на мраз. Наводнувањето треба да биде бавно во форма на фина магла, да трае што е можно подолго, со минимална потрошувачка на вода. Многу е важно да се одреди почетокот и крајот на наводнувањето. Прскањето треба да започне кога температурата околу растенијата  ќесе спушти на 0 ° С. Претходното прскање е бескорисно бидејќи нема да се формира мраз ,а топлина се ослободува само кога се формира мраз. Сепак, прскањето не треба да биде предоцна. Мора да се прска цело време додека трае мразот и, што е најважно, без прекини.

Еден од побезбедните начини за заштита на растенијата од марз е да се додаде топлина, односно да се загрее  подземниот слој на воздухот. Во зависност од бројот на печки и видот на горивото, температурата може да се зголеми до 5 ° C. Познато е дека кога ноќите се  ведри и тивки  се јавува инверзија на температурата. Ако се додаде топлина, топол воздух се крева нагоре, а на негово место доаѓа студен воздух. Покрај овој ефект, амбиенталниот воздух се загрева со зрачење на печката, што исто така го намалува ризикот од мраз. Искуството покажа дека подобар ефект се постигнува со поголем број помали печки правилно  распоредени на теренот, отколку со помал број на големи печки. Суштината на методот е да се создаде топол воздух кој брзо ќе се искаче низ инверзивниот слој, создавајќи „ефект на оџак“.

Мешање на воздухот

Ветерот ги меша поладниот  и потоплиот слој на  воздухот и доведува до општ пораст на температурата на почвата. За таа цел, се користат уреди наречени машини за ветер, кои се состојат од држач на кој се монтираат пропелери кои ротираат со помош на мотор.

Пасивни методи за заштита од мраз

Овие методи треба да бидат планирани и применувани повеќе време пред да се појави опасноста од мраз.

Одбирање на локација за садење

Кога е можно, најдобар метод за заштита од мраз е да се избегне садење култури во области каде што постои ризик од мраз. Овошјето не треба да се сади на места каде што се собира студениот воздух (долини, котлини), а исто така и таму каде што ладниот воздух се движи бавно и се задржува. Треба да се искористат падините на ридовите или области во близина на поголеми површини со вода. Студениот воздух што се формира во текот на вечерните часови, како потежок и погуст од тополиот, се спушта по ридовите во долините, туркајќи го потополиот и полесен воздух нагоре, создавајќи „ладни воздушни езера“ со најниски температури на дното на процепот. Затоа, треба да се избегне садење во долини,котлини тесни сливови или вдлабнатини и да се фаворизираат ридски падини и предели во близина на поголеми водени површини.

Бидејќи појавата на мразот во рана пролет е еден од најголемите проблеми, а од друга страна, чувствителноста на земјоделските култури зависи од состојбата на развојот, добро е насадот да се постави на северните падини за да се избегне рано цветање.

Зголемување на влажноста на земјиштето

Доколку влажноста на  почвата е поголема, се зголемува нејзиниот  топлински капацитет и топлинската спроводливост. Ризикот од мраз е помал на влажна отколку на сува почва. Во текот на денот влажната почва акумулира повеќе топлина од сувата, а во текот на ноќта површинскиот слој се лади побавно како резултат на топлината од подлабоките слоеви. Ако има опасност од појава на  мраз, препорачливо е да се наводени почвата неколку дена порано. Не се препорачува да се култивира (расејува) почвата за време на мразот бидејќи се создава повеќе ладен воздух над таквата почва отколку над нетретираната. Топлината се пренесува побавно низ лабавата почва од подлабоките слоеви, а во текот на ноќта таквата почва се лади побрзо. Затоа, во тоа време не треба да се отстрануваат плевели од овоштарниците и лозовите насади, а обработувањето на почвата  се врши само кога опасност од мраз ќе помине.

Покривање на почвата со трева

Покриената почва се загрева побавно во текот на денот, а побрзо се лади во текот на ноќта , така што  појавата на мразот кај таквата почва е поголема отколку на голата почва. Во полето каде се што очекува да се појават пролетни мразеви, се препорачува почвата  да се одржува  гола или  да биде со мала покривка на трева.

Варосување на стеблата

Една од пасивните мерки за спречување на  мразот, која се покажа како ефикасна, е да ги бојадисте со вар  дрвјата и тоа во есен кога ќе останат лисјата. Познато е дека белите предмети се загреваат слабо како резултат на оодбивањето на сончевите зраци, така што нема да дојде до брзо загревање на растението, што пак во пролет ќе резултира со забавено на движењето на вегетацијата , со што се намалува можноста за оштетување на овошјето од доцните пролетни мразови. Оваа мерка има најголем ефект врз  овошјето како што се  кајсиите, праските, сливите и црешите.

Поставување на бариери

Природните или вештачките бариери се користат за да се спречи протокот на ладен воздух над растителните насади. Тие можат да бидат направени од редови дрвја, грмушки, sидови на згради, огради долж автопати, железнички пруги и др.

 

*Агротим

 


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови


 

 


 


 

 

 

Related Articles

Временска прогноза