ВИКЕНДОТ ШТО СЛЕДУВА НЕ ОЧЕКУВА ПОРОЕН ДОЖД

Сончево со мала до умерена облачност во планинските подрачја повремено ќе провејува снег, не очеува денес. Ќе дува слаб до умерен ветер во западните делови од западен, а во источните од северозападен правец.


Под влијание на влажен бран, од утре до понеделник ќе преовладува облачно време со врнежи од дожд, а на планините од снег. Повремено врнежите ќе преминуваат во снег и во некои од пониските места. Пообилни врнежи ќе има во недела попладне и во текот на ноќта кон понеделник (локално над 30л/м2). На планините ќе се формира нова снежна покривка. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од југоисточен правец, кој во недела во текот на денот ќе го промени правецот во северен.

Сабота – 20.03.2021 год.
Претежно облачно со врнежи од дожд, на повисоките места и на планините од снег. Врнежите ќе бидат пообилни во јужните делови. Ќе дува умерен ветер од југоисточен правец.

Недела – 21.03.2021 год.

Минимална температура: 0°C до 6°C

Максимална температура: 6°C до 11°C

Облачно со врнежи од дожд, на планините од снег. Врнежите ќе бидат пообилни попладне и во текот на ноќта. Ќе дува умерен, на места засилен ветер од југоисточен правец, кој кон крајот на денот ќе го промени правецот во северен.

Понеделник – 22.03.2021 год.
Минимална температура: -1°C до 5°C
Максимална температура: 5°C до 12°C
Променливо облачно со повремени врнежи од дожд и снег, на планините од снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец.
УХМР

 

Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови


 

 


 


 

 

 

Related Articles

Временска прогноза