СРПСКИ ДРЖАВЈАНИН ФИЗИЧКИ НАПАДНАТ ОД ДВЕ ЛИЦА КАЈ МЕСТО ВИКАНО „ПИЛАВ ТЕПЕ“

На 31.03.2021 година во 01.20 часот во Полициска станица Радовиш српскиот државјанин И.М. пријавил дека на место викано „Пилав тепе“, на магистрален пат Штип – Радовиш, бил физички нападнат од две лица, при што му биле одземени пари. Одделението за внатрешни работи Радовиш презема мерки за расчистување на случајот.


Денешен билтен:
Во текот на изминатото деноноќие според статистиката на МВР за периодот (30/31.03.2021), по однос на Уредбата за задолжително носење заштита на лицето, евидентирано е дека на ниво на Секторот за внатрешни работи Струмица 23 лица не ја почитувалe, од кои 10 во Струмица, по 5 во Радовиш и Гевгелија и 3 во Валандово и ќе следуваат соодветни мерки.
Исто така на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Струмица 6 лица ја прекршиле забраната за движење, од кои 4 во Струмица и 2 во Гевгелија, за што ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 30.03.2021 во 21.30 часот во Полициската станица Валандово било пријавено дека на регионален пат од село Пирава кон село Јосифово, валандовско, Г.Р.(37) од село Јосифово, управувајки моторно возило „фолксваген голф“ со валандовски регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото и излетал од патот. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот С.К.(42) од село Јосифово, констатирани во Јавна здравствена установа Гевгелија. Увид на местото извршиле полициски службеници од Полициската станица Валандово.


На 30.03.2021 во периодот од 07.00 до 14.00 часот на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Струмица била спроведена акциска контрола над возила кои вршат јавен превоз на патници. Притоа, биле контролирани 90 возила кои вршат јавен превоз на патници, а 27 возила биле упатени на вонреден технички преглед, а кај 6 возила биле констатирани прекршоци. При контролата биле констатирани и  59 останати прекршоци кои биле соодветно санкционирани.


СВР Струмица
*фото Архива

 


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови


 

 


 


 

 

 

 

Related Articles

Временска прогноза