ЦРВЕНАТА ПОЛУМЕСЕЧИНА ДОНИРАШЕ ИНВАЛИДСКИ КОЛИЧКИ ЗА ЛИЦА СО ПОПРЕЧЕНОСТ

Црвената полумесечина на Република Турција, и директорот Ибрахим Алтан донираа 25 инвалидски колички, слушни апарати и средства за хигиена  за лица со попреченост од општина Радовиш. 

Присустни на средбата беа заменик министерот за труд и социјална политика, Енвер Хусејин, директорката на општинската организација на Црвениот крст, Верица Беќарова, советникот Енис Омер како и претставнци од турската амбасада.

Од име на Општина Радовиш, секретарот Драги Стојанов се заблагодари за помошта и ја истакна добрата соработка која Општината ја остварува со Црвената полумесечина и Црвениот крст и изрази уверување за продлабочување на истата во иднина.  Со донацијата се опфатени неколку општини  Радовиш, Струмица, Гевгелија, Робово и дел од Скопје.


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови


 

 


 


 

 

 

 

Related Articles

Временска прогноза