ЈП „ПЛАВАЈА“ ЗАПОЧНА СО ЧИСТЕЊЕ НА ТАКА НАРЕЧЕНИ “ДИВИ” ДЕПОНИИ

Денес по повод денот на екологијата ЈП „Плаваја“ започна со чистење на така наречени “диви” депонии.

За жал можеме да констатираме дека нашите сограѓани локациите и површините на исчистените “диви” депонии повторно, мнигу брзо ги натрупуваат со разни видови на отпад.
Ваквите депонии оставаат лоша, грда слика за нашата општина и се одраз на нашата “култура” и нашето “почитување” на животната средина.

Чистата животна средина е единствениот дар што можеме да им го оставиме на идните генерации и затоа ваквите “диви” депонии треба во иднина да не постојат.
Длабоко се надеваме дека овие наши акции кои ќе продолжат и во следниот период ќе придонесат за подигање на свеста на нашите сограѓани и ќе створат навика кај нив секој отпад да го депонираат на соодветни места на кои со редовното наше работење ќе бидеме во состојба да го подигнеме.

Исто така секој вид на отпад може да го депонираат и на градското ѓубриште кое е отворено 24 часа.

Да бидеме општина за пример, да бидеме општина во која животната средина ќе биде чиста и во која ќе уживаат сите жители на нашата општина и сите добронамерени патници!
Апелираме до сите граѓани кои ќе забележат депонирање на отпад на несоодветни места веднаш да известат во ЈП”Плаваја” или општинската комунална инспекција.

Инромираат од ЈП Плаваја


 

Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови


 

 


 


 

 

 

 

Related Articles

Временска прогноза