ОБНОВА НА МОСТ – ЗАТВОРЕН ПАТОТ КОН НЕГОТИНО

Авто мото сојузот на Македонија, повикувајќи се на информација од Дтг Жикол Дооел Струмица.

 

ИЗВЕСТУВАЊЕ: Дтг Жикол Дооел Струмица ги известува сите возачи дека поради рехабилитација на мост број 3 на регионален пат Р1103, делница: Лакавица – Неготино, 2-ра фаза, од 24.03.2021 се забранува движење за сите видови на возила, односно целосно ќе се затвори сообраќајот на овој патен правец во времетраење од 5 месеци.

 


АМСМ СЛУЖБА ЗА ПОМОШ И ИНФОРМАЦИИ известува:

ПЕТОК, 26 МАРТ 2021 

СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по претежно суви коловози.

ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

РАБОТИ НА ПАТ:

Дтг Жикол Дооел Струмица ги известува сите возачи дека поради рехабилитација на мост број 3 на регионален пат Р1103, делница: Лакавица – Неготино, 2-ра фаза, од 24.03.2021 се забранува движење за сите видови на возила, односно целосно ќе се затвори сообраќајот на овој патен правец во времетраење од 5 месеци.

Штрабаг АГ известува дека на магистрален пат, делница А4 Штип – Радовиш на стационажа км 1+833 се одвиваат градежни активности, сообраќајот се одвива по девијации и е регулиран со привремена сигнализација односно семафори.

ДГ Бетон АД – Скопје известува дека се изведуваат градежни работи за рехабилитација со проширување на Државен пат А1, делница Петровец – Катланово (лев и десен коловоз), односно од км. 37+046.94 до км. 41+798.92 во правец од Петровец кон Катланово и од 23+271.08 до 28+460.76 во правец од Катланово кон Петровец. На местото на изведување на градежните работи се одвива времен двонасочен режим на сообраќај со поставена соодветна сообраќајна сигнализација. Сообраќајот се одвива континуирано без застој. Препорака до возачите за прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Работите за наведениот проект предвидени се да завршат на 31.07.2021.

ДПУТУ „Ве-Група” Дооел известува дека од 01.02.2021 г. започна изведување на градежни активности за реконструкција на регионалниот пат п1206 делница Карпалак – Желино од км. 0+000 до км. 12+185. Активностите ке се одвиваат од 07:00 ч. до 17:00 ч. секој ден, додека пак во деновите кога ќе се врши асфалтирање ќе има и прекин на сообраќајот во периодот од 10:00 часот до 16:00. На местото на изведување на работите е поставена соодветна сообраќајна сигнализација.

Поради изведување работи на пат на магистралниот пат А2 Струга – г. п. Ќафасан (од бензинска пумпа ОКТА до влез во с. Франгово) брзината е ограничена на 40 км/ч. На местото на изведување на работите е поставена соодветна сообраќајна сигнализација.

Г.П. Викторија Инвест од 30.10.2020 г., започна со изведување на градежни работи на патниот правец А2 Кичево – Охрид, поточно на делницата помеѓу с. Климештани – с. Мешеишта, каде има изменет времен режим на сообраќајот. На самото место е поставена соодветна сообраќајна сигнализација. Овој изменет режим на сообраќај ќе трае се до завршување на градежните работи.

Г.П Илинден – Струга од 30.10.2020 г. на патниот правец А2 Кичево – Охрид, на делницата Пресека – Песочан, кај с. Врбјани започна со изведување на градешни работи на пат (асфалтирање на риголи), каде има изменет времен режим на сообраќајот. На самото место е поставена соодветна сообраќајна сигнализација.

Од 28.09.2020 г. ГД Гранит започна со изведба на рехабилитација на регионалниот пат Р1303, секција Кичево – Македонски Брод, во вкупна должина од 26 км. Рокот за завршување на објектот е 31.07.2021 година. Ќе се изведуваат делница по делница во должина од 1 км. Сообраќајот при изведување на работите ќе се одвива по една сообраќајна лента и ќе се регулира со пропуштање на возила координирано со знаменца.

ГД Гранит АД Скопје известува дека согласно издаденото одобрение за времен режим на сообраќај за време на реконструкција и рехабилитација на државен пат А2, делница Крива Паланка – ГП Деве Баир , во период од 11.05.2020 г. до 02.2022 г. со основниот проект за изведба се предвидува стругање и асфалтирање на постоечкиот коловоз како и проширување т.е изработка на трета лента на постоечкиот пат. Во текот на работното време регулирањето ке се изведува со работници, а по завршувањето на работното време, регулирањето ќе се врши со светлосна сигнализација – семафори (од Крива Паланка кон граничен премин Деве Баир). На овој патен правец во претстојниот период ќе се интензивираат работите на пат и препорачуваме прилагодена брзина на движење и почитување на веќе поставената сообраќајна сигнализација.

Поради изведување на градежни активности за рехабилитација на државен пат Р1202 (Р409), делница Маврови Анови – Жировница, односно од Маврови Анови до с. Трница, има промена на режимот на сообраќај. Сообраќајот се регулира со светлосна сигнализација, односно семафори.

Од 21.08.2020 година, ГД Гранит АД Скопје изведува рехабилитација и реконструкција на регионален пат Р1205, делница Крупиште – Пробиштип. Поради тоа се врши измена на режимот на сообраќај, од крстосница со регионален пат Р2230, до влез во Пробиштип. Односно сообраќајот се пренасочува од мостот на р. Киселица кај клучка за с. Злетово, преку с. Ратавица до Пробиштип и обратно. Од особена важност е ова преносочување да го почитуваат возачите на тешки товарни возила кои транзитираат по овој пат. Одобрението е со важност од шест месеци, односно до комплетирање на сите работи.

На патниот правец Неготино – Лакавица има забрана за движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 3,5 тони. Се препорачува почитување на патната сигнализација за сите учесници во сообраќајот на овој патен правец.

Виадукт трејд известува дека од 25.05.2020 г. започна со изведување на градежни активности при рехабилитација на дел од Државен пат А2 – потег од БС Виена Петрол/Куманово до с. Страцин, во должина од 16км, за што се врши промена на режимот на сообраќај во времетраење од шест до девет месеци.

Викториа Инвест ДОО Елбасан Подружница Скопје изведува градежни работи на автопат Кичево – Охрид, делница 4 и 5. На делница 5 Подмоље – Охрид ќе има измена на режим на сообраќај соодветно обележано со сообраќајни знаци.

СОСТОЈБА ВО СКОПЈЕ:

Виадукт Трејд известува дека од 21.01.2021 година, поради изведување на градежни работи на дел од бул. “Босна и Херцеговина” ќе има измени на режимот за сообраќај, каде ќе има комплетно затворање на постоечка коловозна лента која се крстосува со бул.”Кристијан Тодоровски – Карпош”, а другата страна со ул.”Ќемал Сејфула”. За сообраќај ќе се користи новоизградената коловозна лента во два правци (двонасочно). Градежните активности ќе бидат со времетраење од 3 (три) месеци.

 


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови


 

 


 


 

 

 

 

About the author /


Related Articles

Временска прогноза