ТРЕТОЛИГАШИТЕ НА СТАРТ – ФК ДЕТОНИТ ВО БОРБА ЗА ШАМПИОНСКАТА ТИТУЛА

Во недела започнуваат третолигашите, на градскиот стадион во Радовиш ФК Детонит ја пречекува екипата на ФК Спартмани од Балдовци со кој го започнува пролеттниот дел од првенството и походот кон врвот на табелата и освојување на шампионската титула.

Од управата најавија борбена пролеттна сезона и влез во Втората фудбалска лига – единствената опција која е зацртана оваа сезона – истакнаа од ФК Детонит.

Инаку ФК Детонит се наоѓа на втората позиција со 26 бода, после ФК Брегалница Делчево кој има 28. 

Детонитци имат осум победи, две нерешени и само еден пораз од есенскиот дел на првенството.

ФК ДЕТОНИТ – ФК СПАРТМАНИ

Недела 14.03.2021 год. Почеток 15.00 часот.

 

*фото Архива


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови


 

 


 


 

 

Related Articles

Временска прогноза