Вчера во организација на Црвен крст Општинска организација Радовиш и ИТМ Скопје во просториите на ООЦК Радовиш се спроведе доброволна крводарителска акција.
На оваа акција доброволно даруваа 31 крводарители, односно собрани се 31 единици крв, а со тоа уште еднаш е докажана хуманоста на граѓаните од Општина Радовиш.
Се надеваме дека барем малку ќе придонесеме во стабилизирање на потребите за крв и крвни продукти на територија на нашата земја, а со тоа и потребите на оваа драгоцена течност ќе бидат задоволени.
Благодарност до сите учесници во акцијата и крводарителите искажуваат од ОО Црвен Крст.
Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови