СРАМЕН ПОРАЗ НА РК РАДОВИШ ВО „ПЛЕЈ АУТ“ ЗАВРШНИЦАТА

Во СРЦ „25 мај“ во Радовиш беше одигран натпреварот од Супер ракометната лига Плеј-Аут завршницата.

РК Радовиш вчера беше поразен од новајлијата од оваа година во Супер лигата екипата на РК Младост од Богданци кои во првото полувреме имаа резултат од седум (7) гола разлика.

И покрај најавите и промовирањето на новите засилувања РК Радовиш вчера доживеа „срамен пораз“ од екипа која требаше да биде совлдана со резултат и позитива за нашиот клуб.

Но сепак бодовите отидоа во Богданци, сега РК Радовиш е во една ситуација со две одиграни кола и нула салдо во Плеј Аут завршницата која треба да се избори опстанок во Супер лигата за наредната сезона, минатото коло РК Радовиш исто така претрпе пораз во Скопје од РК Работнички.

Во Прилеп се игра следниот натпревар и доколку овој не биде со позитива и три бода РК Радовиш ќе се најде во ситација и биде загрозен опстанокот.

Останува да проследиме што ќе се случи и дали ќе има некои промени од управата, тренерот и играчите.

Според коментарите на спортската и ракометната јавност во прашање е дали овие играчи заслужуваат да го носат дресот на РК Радовиш.

РК Радовиш на преодниот дел се комплетираше со повеќе играчи кои не се од Радовиш, дали заслужуваат да бидат дел од екипата останува да се произнесе управата.

 

Ние како медиум секогаш сме и ќе сме на страната на спортот воопшто и сите спортски екипи од нашата општина ја имаат поддршката секогаш, но кога нешто нефункционира потребно е да апелираме да се подобри или смени стратегијата.

 

РК РАДОВИШ – РК МЛАДОСТ 22-23 (полувреме 08-15)

ФОТО ГАЛЕРИЈА

 


 

Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови


 

 


 


 

 

 

About the author /


Related Articles

Временска прогноза