ОВОЗМОЖЕНО ВАКЦИНИРАЊЕ НА ПОВЕЌЕ ОД 10 000 ГРАЃАНИ ДНЕВНО ОД СЛЕДНАТА НЕДЕЛА

Министерот за здравство Венко Филипче најавува дека на пунктовите за масовна вакцинација што треба да профункционираат во уште шест градови од вторник следната недела дневно ќе се овозможи да се вакцинираат и над 10 000 граѓани и како што вели, воопшто да нема никакви гужви. Досега се вакцинирани вкупно 60 000 граѓани.

Одговарајќи на новинарско прашање за вчерашните реакции од граѓани дека чекале за вакцинација на вакцинални пунктови во Скопје Филипче денеска изјави дека станува збор за недоразбирање во термините, како и дека тоа е решено и нема да се случува во наредниот период.

-Во однос на чекањето и гужвите мислам дека има сосема доволен предвиден простор да не прават и да се чека на одредено растојание. Оваа слика и доколку е некаков ризик, засега не гледаме дека е ризик, може да се смени со пуштањето на пунктовите за масовна вакцинација, спортските сали кои ќе профункционират од вторник. Веќе во понеделник насекаде ќе бидат дистрибуирани согласно бројот на пријавени граѓани кинеските вакцини и во Тетово, Куманово, Штип, Кавадарци, Битола и Охрид ќе започне вакцинирањето. Мислам дека ќе биде систем којшто ќе овозможи и над 10.000 граѓани дневно да се вакцинираат и воопшто да нема никави гужви, изјави Филипче, одговарајќи на новинарско прашање по настан за донација од Словачка за Клиниката за детски болести.

Министерот за здравство дополни дека досега вкупно се вакцинирани околу 60.000 граѓани, а во таа бројка се и постарите лица над 70 години и вработените во критичната инфраструктура.

-Според нашите пресметки нешто под 20 проценти, околу 18 проценти се вакцинирани лицата над 70 години од вкупната бројка на граѓани над 70 години во земјава, рече Филипче.

 

 

*Фото Архива


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови


 

 


 

 


 

 

 

 

 

 

Related Articles

Временска прогноза