ФК Детонит вчера го одигра натпреварот од третата лига и останува лидер и претендент за влез во посилен ранг на натпреварување Втората фудбалска лига.
На почетокот несигурноста на дел од играчите, но и отсуството на повеќе првотимци кои отсуствуваа на овој натпревар доведе да ФК Овче Поле во еден момент ја има доминацијата на теренот и иницијативата за постигнување на гол. Бобан Атанасовски го постигна водечкиот гол во 36 минута за ФК Овче Поле, со тој резултат се замина и на паузата.
Во второто полувреме Детонитци супериорни не дозволија гостите да ја поминат нивната половина од теренот во 63 минута Дени Андонов изедначи на 1-1, а крајниот резултат го запиша Златко Стојанов во 78 минута.
ФК Детонит е лидер на табелата во Третата фудбалска лига (Исток) со 41 бод, втори се Хоризот со 37, трети Брегалница Делчево до 35, следува Овче Поле со 34 бода.
Во вториот третолигашки натпревар ФК Раклиш гостуваше во Василево каде што одигра нерешено 2-2 со истоимената екипа ФК Василево.
ФК ДЕТОНИТ – ФК ОВЧЕ ПОЛЕ 2-1 (0-1)
ФК Плачковица имаше поволен резултат од гостувањето во Виница против домашната ФК Слога
ВТОРА ЛИГА – ИСТОК (23. коло)
Каменица Саса – Победа 2-1
Кит Го – Кожуф 1-0
Брегалница – Росоман 5-1
Тиквеш – Осогово 3-0
Слога Виница – Плачковица 1-1
Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови