Се радувавме на победата, но изгледа за џабе!
Нашата македонска репрезентација со 2:1 ја победи Германија и тоа сред Дуисбург, во меч од квалификациите за пласман на Светското првенство во Катар.
Германските медиуми коментираат дека ова е голема срамота за нив и сигурно дека би сакале уште одма мечот да се преигра за да покажат дека може да победат, но такво нешто нема да се случи.
Капитенот Горан Пандев погоди за 1:0, а откако Германија израмни од пенал преку Гундоган, во 86 минута, нова радост на Македонија донесе дијамантот Елиф Елмас за водство и конечна победа од 2:1.
Насловот е само една првоаприлска шега во чест на денот на шегата. Тоа што не е шега е дека Македонија го победи четирикратниот светски и трикратен европски првак Германија.
Македонија е со вас!
АПРИЛИ ЛИ ЛИ !!!!
Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови