ПОЛИЦИСКИ ЧАС ЗА УШТЕ ЕДНА НЕДЕЛА? – Денеска се одлучува дали ќе продолжат рестриктивните мерки…

Денес треба да се одржи редовен состанок на Комисијата за заразни болести на кој ќе биде анализирана епидемиолошката состојба со ковид-19 во државава.

Се размислувало за можно отворање на терасите на угостителските објекти и продолжување за еден час на забраната за движење, но и за продолжување на рестриктивните мерки за уште една недела.

Постојните мерки за ограничување на движењето и другите рестрикции и мерки за примена на личната заштита за спречување на ширењето на ковид-19 се со важност до 27 април.

Во случај на потврдување на трендот на опаѓањe на бројот на заразени и бројот на хоспитализирани лица, како што беше најавено минатата недела, Кризниот штаб ќе разгледа опција за отворање на угостителските објекти за посетители во отворениот дел од објектот, односно на летни тераси, градини. Во период од 27 април до 15 мај забраната за движење наместо од 20 да биде од 21 часот до 05 часот наредниот ден, да се дозволи организирање спортски тренинзи од страна на фитнес центри/клубови на отворен простор, наместо во затворена спортска вежбална/сала, како и други мерки во зависност од епидемиолошките текови и состојби во државата.

Кризниот штаб минатата недела наведе дека предлог-мерки на Комисијата за заразни болести ќе се разгледуваат исклучиво доколку се задржат трендовите на опаѓање на бројките на новозараени и хоспитализирани лица, за што клучно е почитувањето на личните мерки за заштита од ковид-19 и активните протоколи за функционирање во услови на ковид-19.

Според министерот за здравство Венко Филипче, состојбата со епидемијата бележи надолен тренд, а мерките дадоа резултат.

„Сепак, искуството ни покажа дека таа многу брзо може да се дестабилизира доколку не се почитуваат мерките. Пред нас следат празници, слободни денови и убаво време. Да ги искористиме одговорно, да не се групираме и да не ги кршиме мерките за заштита“, објави вчера Филипче на својот фејсбук профил.

 

Фото Архива


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови


 

 


 

 


 

 

 

 

 

 

About the author /


Related Articles

Временска прогноза