РК РАДОВИШ СЕ ВРАЌА ВО ПОБЕДНИЧКИ РИТАМ

Ракометарите на РК Радовиш по слабиот старт во продолжетокот на оваа сезона, влезе во победнички ритам и успеа вчера да ја совлада екипата на РК Голден арт КЛ 7 со резултат 37-31, полувреме  20-12.

После победата во Скопје минатиот викенд каде што беше совладана екипата на РК Јуниор од Кисела Вода, нашите ракометари во сабота останува да покажат во Струмица каде што гостуваат на РК Астраион дека можат да остварат поволни резултати до крајот на оваа сезона и обезбедат опстанок во Супер ракометната лига на Македонија.

Во вчерашниот натпревар најефикасен беше Илиев со 14 гола, Здравко Постолов 6, Органџиев и Лојаничиќ по 5, четири имаше Зоран Стојановски, а по еденбеа Али Кобеиси, Александар Долдуров и Кристијан Ристов.

Тренерот Андон Бошковски вчера имаше одличен натпревар како што РК Радовиш од поодамна го немал, исто така со повредената рака даде макисмум и голманот Славјан Паунов.

РК РАДОВИШ – РК ГОЛДЕН АРТ КЛ7 37-31 (20-12)

 

ФОТО ГАЛЕРИЈА

 

 

Честитки од нашата редакција за победата.

 

 


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови


 

 


 

 


 

 

 

 

Related Articles

Временска прогноза