ФК ДЕТОНИТ ЈА ПРОДОЛЖИ СЕРИЈАТА ОД УСПЕШНИ НАСТАПИ И ПОБЕДИ, РАКЛИШ СО БОДОВИ ОД ЛОЗОВО, ПЛАЧКОВИЦА ПОВТОРНО ПОРАЗЕНА

ФК ДЕТОНИТ ГО ПРОДОЛЖИ УСПЕШНИОТ НАСТАП И СМЕЛО ЧЕКОРИ КОН ВЛЕЗОТ ВО ВТОРАТА ФУДБАЛСКА ЛИГА!
Честитки за нашиот тим кој успеа вчера и покрај лошите временски услови да реализира уште една значајна и убедлива победа, во Радовиш беше совладана екипата на ФК Карбинци со резултат 4-0, полувреме 1-0. 

Со оваа победа Детонитци се лидери на табелата во Третата фудбалска лига со 35 бода но подобра гол разлика со ФК Брегалница од Делчево.

ФК ДЕТОНИТ – ФК КАРБИНЦИ 4-0 (1-0)


Честитки и до нашиот втор третолигаш екипата на ФК Раклиш забележа значајна победа во Лозово кај домашниот ФК Работник, со резултат 0-2.

ФК ЛОЗОВО- ФК РАКЛИШ 0 : 2


ФК Плачковица во саботата го одигра својот првенствен натпревар во Кавадарци со ГФК Тиквеш и претпре уште еден пораз. Ракометарите имаа слободен викенд и немаа настапи. 


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови


 

 


 

 


 

 

 

 

Related Articles

Временска прогноза