ПОВИК ЗА ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА ЗА ЖЕНСКО ПРЕТПРИЕМНИШТВО

Согласно Програмата за конкурентност, иновации и претприемништво за 2021 година (Сл. Весник на РСМ бр. 15/21), Министерството за економија има објавено Јавен повик за финансиска поддршка за женско претприемништво.

Предмет на овој јавен повик е субвенционирање на претпријатија кои се во сопственост на жени (над 50%) и кои се управувани од жени, преку кофинансирање на 80% од докажаните трошоци, но не повеќе од 150.000,00 денари по апликант направени за следните намени:

-Набавка на опрема и алати

-Уредување/подобрување на деловниот простор

-Воведување на софтверски решенија ( 50 % од докажаните трошоци , но не повеќе од 60.000,00 денари)

Ќе бидат субвенционирани докажаните трошоци за предвидените намени настанати во 2020 и 2021 година.

Фирмите кои ќе бидат субвенционирани, по основ на оваа подмерка за набавка на опрема, ќе имаат обврска истата да не ја отуѓуваат, најмалку две години од денот на добивањето на субвенцијата.

Право на учество имаат Приватни претпријатија со мнозински домашен капитал (над 50 %), Регистрирани согласно Законот за Трговски друштва, во сопственост на жени над 50%, управувани од жени, кои ги исполнуваат следните услови:

-Не биле субвенционирани преку Министерството за економија по јавните повици објавени во 2020 и 2021 година и тоа

  • Јавен повик е субвенционирање на претпријатија кои се во сопственост на жени и управувани од жени
  • Јавен повик е субвенционирање на занаетчии
  • Јавен повик е субвенционирање на микро , мали и средни претпријатија

-Да не го надминуваат максималниот дозволен износ од 200.000 евра од вкупно добиена помош за период од три фискални години, согласно Уредбата за условите и постапката за доделување на помош од мало значење (Сл. Весник на РМ бр. 141/2011).

-Да имаат работење во траење од најмалку 6 месеци пред објавувањето на јавниот повик

-Да има деловно седиште на територијата на РСМ

-Да има минимум двајца вработени на неопределено полно работно време

-Да спаѓа во категоријата на микро и мали претпријатија

-Да има измирено обврски кон државата и вработените

-Да има статус на активно претпријатие над кое не е покрената активна постапка за стечај или ликвидација

Крајниот рок за аплицирање по овој јавен повик е 30.04.2021 година.

Јавниот повик, заедно обрасците потребни за аплицирање во целост е објавен на веб страницата на Министерството за економија.

 

 


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови


 

 


 

 


 

 

 

 

Related Articles

Временска прогноза