ГОЛЕМОТО ДЕРБИ ВО ДЕЛЧЕВО, РАКЛИШ И ПЛАЧКОВИЦА ДОМАЌИНИ

Во недела со почеток од 13.00 часот, во Делчево ќе се одигра големото дерби во Третата фудбалска лига помеѓу домаќинот ФК Брегалница и нашиот ФК Детонит.

ФК Детонит кој моментално е лидер на табелата со иста бодовна состојба како и ФК Брегалница кои имаат по 35 бода, но нашиот тим со подобра гол разлика ќе се обиде да го добие овој значаен натпревар кој е и плус предизвик против домашната екипа која исто така е претендент за влез во Втората фудбалска лига.

ФК Детонит со сите ресурси ќе патува во Делчево и ветуваат нови бодови на нивното салдо.

Исто така во недела на Градскиот стадион во Радовиш ќе се одигра редовното коло на наиот ФК Раклиш, теминот на одигрување поради новодонесените мерски е од 13 часот. без присуство на публика. ФК Раклиш после убедливата победа во Лозово кај ФК Работник минатиот викенд, во овој натпревар треба да реализира уште една убедлива победа.

Нашата гордост ФК Плачковица во сабота го игра првенствениот натпревар со штипска Брегалница на Градскиот стадион во Радовиш.

*фото Архива


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови


 

 


 

 


 

 

 

 

Related Articles

Временска прогноза