ПРЕТЕЖНО ОБЛАЧНО СО ПОВРЕМЕНИ ЛОКАЛНИ ВРНЕЖИ ОД ДОЖД

Времето денес ќе биде претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд, во северните делови значително постудено.

Повеќе врнежи ќе има во западните делови каде на планините ќе врне снег. Кон крајот на денот во југозападните делови врнежите ќе преминуват во снег и на пониските места. Поврмено врнежи од снег ќе има и во Скопската Котлина. Вдолж Повардарието ќе дува засилен северозападен, а во западните делови засилен западен ветер.

Утре претпладне променливо облачно, во југозападните делови ќе има слаби врнежи од снег. Во текот на денот сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, поизразен вдолж Повардарието.

Од утре ќе настапи стабилизација на времето со ниски утрински температури, кои на повеќе места ќе бидат негативни, а дневните ќе бидат во пораст.

 

УХМР


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови


 

 


 

 


 

 

 

 

Related Articles

Временска прогноза