10 ИЛЈАДИ ВАКЦИНИ НА ФАЈЗЕР ТРЕБА ДА ПРИСТИГНАТ ДЕНЕСКА

Денес се очекува во земјава да пристигнат 10 илјади вакцини на Фајзер, а исто толку се очекува да стигнат и на 26 април. Вакцините денеска со авион ќе стигнат во Софија, а попладнето со специјален транспорт ќе дојдат во Скопје.
Кон крајот на април ќе дојдат и 200 илјади кинески вакцини, а вакцинирањето ќе продолжи по истиот систем како и досега односно по возрасни групи.

Во земјава досега се вакцинирани околу 35 илјади граѓани, од кои околу 13 илјади ја примиле вакцината на Астраzенека, од која има уште 10 илјади на располагање. Нешто помалку од три илјади има од руската Спутник-V и илјада од кинеските вакцини. Во СЦ „Борис Трајковски“ се вакцинираат граѓани на 73 и 74 години со поредуцирани термини од претходните денови, бидејќи често доаѓаат со придружба.

Министерот за здравство Венко Филипче пред неколку дена ја оцени како стабилна состојбата во болниците и рече дека нема некој голем и неконтролиран наплив на пациенти во сите јавно-здравствени установи во Скопје и во државата.
Тој очекува во наредниот период бројот на хоспитализации да почне да се намалува.Смета дека мерките даваат резултати, но потребно е максимално да се придржуваме до нив за да го надминеме и овој епидемиолошки бран.Филипче рече дека граѓаните ќе можат да испитуваат антитела на товар на Фондот, но ќе бидат потребни одредени критериуми и нема да може тоа да го прави секој.
Фото Архива

Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови


 

 


 

 


 

 

 

 

 

About the author /


Related Articles

Временска прогноза