Облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд не очекува денес. Повеќе врнежи ќе има во западните и југозападните делови од земјава.
Утре ќе биде облачно и свежо со повремени врнежи од дожд, пообилни во утринските часови особено во југозападните и јужните делови од земјава. До вечерните часови врнежите ќе престанат. Ќе дува умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.
Под влијание на влажен бран од југ, денес и утре времето ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд. Пообилни врнежи ќе има во текот на ноќта и утре наутро, особено во југозападните и јужните делови од земјава (каде локално ќе наврнат и над 20 л/м2). Дневната температура во овие два дена осетно ќе се намали, а во сабота ќе дува и умерен до засилен северен ветер. Од недела следува период на стабилно време со пораст на дневната температура, освен во вторник кога ќе има услови за локални врнежи од дожд.
Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови