ВАКЦИНИРАНИ ДЕЛ ОД ВРАБОТЕНИТЕ ВО УЧИЛИШТАТА, НЕГУВАТЕЛКИТЕ, ВОСПИТУВАЧКИТЕ ЛЕКАРИТЕ, НОВИНАРИТЕ ОД РАДОВИШ

Против Ковид-19 вакцина досега примиле над 26 000 граѓани во Македонија.

Вчера се вакцинираа околу 600 новинари, организирани во соработка со ЗНМ, ССНМ и Министерството за здравство, и тоа тие од критичната група над 40 години и луѓе кои се со хронични болести. Од ЗНМ истакна дека се надева оти во следната фаза ќе се вакцинираат и останатите медиумски работници.

Лицата со најголем ризик кои учествуваат во менаџирање на кризата од почеток се вакцинирани, припадници на МВР, Армијата, вработените во училиштата, односно наставнички од прво до трето одделение, МТСП во делот на градинките, негувателките и воспитувачките правосудуството.

За новите пратки вакцини, министерот напиша дека денеска на негово барање се сретнал со кинескиот амбасадор во државава, иразговарале за испораката на вакцините од производителот „Синофарм“, односно да се забрза процесот за испорака на 200.000 вакцини, кои според најавите на амбасадата во нашата земја би требало да стигнат до крај на месецов.

Глобалниот сојуз за вакцини и имунизација (Гави), соопштија дека Македонија, Босна и Херцеговина и Косово преку Ковакс системот во периодот од април до јуни треба да добијат по 100.620 дози од вакцината на „Фајзер“.

Радио Слободна Европа, пренесе дека земјите од Западен Балкан првите дози на вакцини против коронавирус преку системот Ковакс ги добија во средината на март. Северна Македонија доби 24.000 вакцини на „Астра Зенека“.

Филипче на својот ФБ профил напиша дека 2000 кинески вакцини од производителот „Синофарм“ вчера пристигнале на аеродомот во Софија и се очекува од таму да бидат транспортирани во земјава. Станува збор за донација од Обединетите Арапски Емирати.

Сите кои имаат најголем ризик и кои практично учествуваат во менаџирање на кризата од почеток се вакцинирани, припадници на МВР, Армијата, вработените во училиштата, односно наставнички од прво до трето одделение, МТСП во делот на градинките, негувателките и воспитуваклите, понатаму праводуството, денеска е групата на вработени во Собрание, во техничките служби, а го очекува и интересот од страна на претседателот на Собрание во делот на вакцинација на пратениците.

 

фото: RadovisNews


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови


 

 


 

 


 

 

 

 

Related Articles

Временска прогноза