МУСЛИМАНИТЕ УТРЕ ГО СЛАВАТ РАМАЗАН БАЈРАМ

Муслиманите во земјава утре го слават големиот верски празник Рамазан Бајрам.  

По триесетдневниот рамазански пост, следува тридневен Рамазански бајрам, кој се смета за голем празник во исламот. Почетокот на Рамазан секоја година се поместува за 10 дена наназад, односно во престапните години за 11 дена, во однос на претходната година, поради разликата помеѓу исламскиот и грегоријанскиот календар.

Рамазан е еден од петте столба на исламот. Останатите се верата, молитвите, поклонението и давањето милостина. Тоа е месец на добрина, милост, љубов и простување. Верувањата се дека кога ќе дојде празникот, портите на џенетот (рајот) се отвараат, портите на џехенем (пеколот) се затвораат. Муслиманите сметаат дека Рамазан на секој дом му носи полни раце дарови – милост, бериќет и проштевање. Куранот вели дека Рамазан има четири димензии – духовна, морална, солидарна и здравствена.


 

 

Искрени честитки за празникот Рамазан Бајрам од редакцијата на RadovisNews,

“Нека ви е честит вам и на сите членови на вашите семејства, на пријателите и најблиските“- ви посакува порталот  RadovisNews.

 

 

*Фото Архива


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови


 

 


 

 


 

 

 

 

 

 

About the author /


Related Articles

Временска прогноза