ОПШТИНСКА ДОНАЦИЈА НА БРЗИ КОВИД ТЕСТОВИ ЗА ЗДРАВСТВЕН ДОМ РАДОВИШ

Општина Радовиш обезбеди 150 брзи ковид тестови за потребите на ЈЗУ Здравствен дом Радовиш на барање на директорката Д-р. Лимонка Илиевска.
Тестовите ги предаде градоначалникот Герасим Конзулов и воедно оствари средба со раководството на Здравствениот дом на која се разговараше за процесот на имунизација на населението.
Градоначалникот Конзулов ја потенцираше општинската поддршка за Здравствениот дом и изрази подготвеност за идна помош на нашата здравствената институција.
Брзите ковид тестови се користат за брзо детектирање на состојбата на пациентите и понатамошна интервенција во делот на лекувањето.
Општина Радовиш

Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови


 

About the author /


Related Articles

Временска прогноза