ДАЛИ ЌЕ ИМА ПОСКАПУВАЊЕ НА СТРУЈАТА? ВАУЧЕРИ ЗА ПОДМИРУВАЊЕ НА СМЕТКИТЕ ЗА СТРУЈА НА РАНЛИВИТЕ КАТЕГОРИИ…

РКЕ одлуката за тоа дали ќе има зголемувања на цената на струјата ја носи врз основа на барањата на енергетските компании кои и годинава работеа со загуба. АД МЕПСО минатата година побара зголемување на цената на електричната енергија поради намалените приходи, но и поради инвестициските потфати за подобрување на преносниот систем. На тоа следеше зголемување на цената на струјата за 7,4 отсто во услови на пандемија што предизвика жестоки реакции кај граѓаните.

Но, првиот човек на РКЕ Бислимоски вели дека годинава нема да дозволи зголемување на цената на струјата, а не се откажува и од иницијативата за субвенционирање на сметките за струја на ранливите категории граѓани.

Поскапување на струјата на регулираниот пазар нема да има, а ќе се даваат и ваучери за подмирување на сметките за струја на ранливите категории. Регулаторната комисија за енергетика ќе ги преземе сите законски механизми, а може да излезе и од своите законски надлежности и нема да дозволи зголемување на цената на струјата во јуни или јули. РКЕ не се откажува и од иницијативата за субвенционирање на сметките за струја на ранливите категории граѓани.

Овој нивен предлог сè уште чека од надлежните министерства за економија и за труд и социјална политика да кажат како истиот ќе се реализира. Една од опциите, како што најави првиот човек на РКЕ, Марко Бислимоски е ранливите категории на потрошувачи да добијат ваучери за подмирување на сметките за струја.

Од пред две години, РКЕ со одлуките што ги носи, може да влијае само на 38 отсто од крајната цена на струјата, а не и на цената по која ЕСМ ја продава струјата на ЕВН, ниту има влијание на трошокот за обновливи извори на енергија, кои учествуваат во крајната цена што ја плаќаат граѓаните.

-По започнувањето со либерализацијата на пазарот на електрична енергија од 1 јануари 2019 година, РКЕ повеќе не ја определува цената на ЕСМ и Универзалниот снабдувач – ЕВН Хоум на тендер ги набавува потребните количини кои сега во најголем дел се однесуваат за домаќинствата. На тој тендер во 2021 година ЕСМ е должна да понуди 70 проценти од потребите на овие потрошувачи. Притоа нема гаранција дека ќе биде откупена таа електрична енергија доколку останатите трговци со електрична енергија понудат пониска цена. На тој дел – набавката на електрична енергија апсолутно не можеме да влијаеме, а тоа е околу 43 до 44 проценти, потенцира Бислимоски.

РКЕ одлуката за тоа дали ќе има зголемувања на цената на струјата ја носи врз основа на барањата на енергетските компании кои и годинава работеа со загуба. АД МЕПСО минатата година побара зголемување на цената на електричната енергија поради намалените приходи, но и поради инвестициските потфати за подобрување на преносниот систем. На тоа следеше зголемување на цената на струјата за 7,4 отсто во услови на пандемија што предизвика жестоки реакции кај граѓаните.

-АД МЕПСО објави дека 2020 година ја завршил со загуба од 6 милиони евра и треба да поднесе барање до РКЕ до 14 мај. Кога енергетските компании ќе ги достават барањата кај нас ќе донесеме одлука за цената на електричната енергија. Инаку компаниите сега прават анализа на сите елементи од нивното работење за да видат дали и како можат да ја зголемат ефикасноста. Кога ќе бидат готови со анализите истите во форма на барања ќе ги достават до Регулаторната комисија која врз основа на нивните барања ќе донесе одлука за цената на електричната енергија, изјави тогаш за ВЕЧЕР Бислимовски.

Што се однесува до иницијативата за доделување на субвенции за електрична енергија за ранливи категории на потрошувачи, Бислимовски рече дека една од опциите е ранливите категории на потрошувачи да добијат ваучери за подмирување на сметките за електрична енергија, а другата опција е Владата да префрли пари директно на снабдувачот на електрична енергија со што на крај би се намалила сметката, која треба да ја платат граѓаните од оваа категорија.

Инаку субвенции ќе добијат домаќинства кои имаат помали вкупни приходи од месечната потрошувачка кошница. Во моментов се бара правичен модел, според кој тие кои имаат помали приходи ќе добијат поголема субвенција од државата.

 


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови


 

 


 

 


 

 

 

 

 

 

 

About the author /


Related Articles

Временска прогноза