РК РАДОВИШ „ГАЗИ СЕ ПРЕД СЕБЕ“ – ОСУМ ПОБЕДИ И ЕДНО РЕМИ ВО НИЗА

РК Радовиш вчера го доби најважниот натпревар во разигрувањето за опстанок во ракометната Суперлигата, веќе во среда се игра последното коло РК со Астраион и со победа обезбедува нашиот клуб или директен опстанок со пласман на втората позиција или разигрување како третопласирана екипа со вториот од првата ракометна лига на Македонија.

Вчера на гостувањето кај директниот конкурент за првите три места, ракометарите со 23-24 го совладаа составот на Голден Арт КЛ7 и прикажаа голема пожртвуваност, со што ја продолжија серијата од осум победи и едно реми без пораз под водство на тренерот Андон Бошковски.

 

СУПЕР ЛИГА – ПЛЕЈ АУТ 
МЛАДОСТ 1977 –  ПРИЛЕП  33-37 (12-21)
ГРК ТИКВЕШ 2014 –  РАБОТНИЧКИ  25-18 (14-8)
АСТРАИОН ХЕНДБОЛ – ЈУНИОР К.В  16-25 (9-15)
ГОЛДЕН АРТ КЛ7 –  РАДОВИШ  23-24 (11-13)

ТАБЕЛА: 
1. Тиквеш (28), 2. Прилеп (27). 3. Радовиш (25). 4. Голден Арт КЛ7 (24). 5. Работнички (21). 6. Јуниор К.В. (16). 7. Младост (13). 8. Астраион (0). 

 

Видео од натпрварот

ГОЛДЕН АРТ КЛ7 –  РАДОВИШ 

 


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови


 

 

 

 


 

 

 

 

 

 

About the author /


Related Articles

Временска прогноза