СВЕТСКИ ДЕН НА ПЧЕЛАТА

Денеска е светски ден на пчелите. Се одбележува на 20 мај, денот кога во 1734 година во Брезница (денешна Словенија) е роден Антон Јанша, сликар и пионер на модерното пчеларство.

Пчелите и другите запрашувачи (поленатори), како што се пеперутките, лилјаците и колибрите, се повеќе се загрозени од активностите на човекот.

Запрашувачите – поленатори, дозволуваат репродукција на многу растенија и култури. Тие, не само што директно придонесуваат за безбедноста на храната, туку се клучни и за зачувување на биолошката разновидност, камен-темелник на целите за одржлив развој. Тие, исто така, служат како стражари за евентуалните еколошки ризици, сигнализирајќи го здравјето на локалните екосистеми.

Инвазивните инсекти, пестицидите, промените во користењето на земјиштето и монокултурните практики можат да ги намалат достапните хранливи материи и да претставуваат закана за пчелните колонии.

За да се подигне свеста за важноста на поленаторите, заканите со кои се соочуваат и нивниот придонес кон одржливиот развој, ОН го назначи 20 мај како Светски ден на пчелите.

За да се заштитат од изумирање пчелите, птиците и другите животни, до 2030 година под заштита би требало да се стави една третина од површината во Европа, или речиси двојно повеќе отколку сега. Ваквиот план е поднесен од страна на Европската комисија денеска во Брисел, токму на Светскиот ден на пчелите. 

За инвестициите во насока на зачувување на биодиверзитетот, ЕК проценува дека ќе бидат потребни 20 милијарди евра годишно, кои треба да дојдат од ЕУ, земјите членки на Унијата и приватни извори. „Природата е животно важна за нашето физичко и психичко здравје, таа го филтрира нашиот воздух и нашата вода, ја регулира климата и ги оплодува нашите полиња. Но, ние се однесуваме како таа да не игра никаква улога и ја губиме во невидено брзо темпо“, изјави еврокомесарот за екологија Виргинијус Синкевичиус по повод претставувањето на планот на ЕК.

 

 

*фото Архива

 


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови


 

 


 

 


 

 

 

 

 

Related Articles

Временска прогноза