СОВЕТОТ ДЕНЕСКА ЌЕ ЈА РАБОТИ 57 СЕДНИЦА

Советот на општина Радовиш денеска ќе ја одржа својата 57 работна седница.

На оваа седница предвиден е Дневен ред од 26 точки, меѓу кои и точка за поставување на Советнички прашања доставени од граѓаните од Радовиш и населените месата до Советниците кои се во Советот овој мандат, и потребно е да им достават одговори и појаснувања од институциите и надлежните органи.

Според Советниците, овие Советнички прашања и одговори се болна точка на сите советници кои изминатиот период многу ретко добиваа одговор и повратно ги информираа граѓаните за проблемите и можните решенија за решавање.

Седницата ќе се одржи во СОУ „Коста Сусинов“ Радовиш со почеток од 14.00 часот.

 

ДНЕВЕН РЕД – РЕШЕНИЕ  57 СЕДНИЦА 

 

*фото Архива


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови


 

 

 

 


 

 

 

 

 

 

About the author /


Related Articles

Временска прогноза