СТАПУВААТ НА СИЛА НАЈНОВИТЕ МЕРКИ ЗА ОГРАНИЧУВАЊЕ НА ДВИЖЕЊЕТО НА ГРАЃАНИТЕ И ДРУГИТЕ МЕРКИ

Согласно новите измени и дополнувања забраната за движење на населението и на возила од јавен превоз на територија на Република Македонија, наместо како до сега, ќе започнува во 24:00 часот и ќе трае до 4:00 часот наутро. Исклучок од забраната и посебниот режим на движење се вечерните часови на 12 мај, за време на верскиот празник Рамазан Бајрам.

Почнувајќи од денеска, среда 12 мај, до вторник 18 мај, угостителските објекти ќе се затворат за посетители – гости од 23:30 часот, а за време на дозволеното работно време се дозволува работа само на отворените делови – тераси  од угостителскиот објект.

Исклучок од ова ограничување се угостителските објекти на Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот „Св.Апостол Павле“ во Охрид, како и угостителскиот објект/дел за исхрана во угостителските објекти за сместување (хотел, мотел, хостел, пансион и друг објект за сместување) за посета од лицата сместени во овие објекти.

Од 12 мај престанува да важи мерка за забраната за посетители – гости во сите вежбални, фитнес клубови, спортски центри и сали наменети за вежбање, во затворен простор, како и во игротеките, но работата во овие објекти задолжително треба да се одвива според протоколите за работа.

Владата ја прифати и препораката на Комисијата за заразни болести, во установите за згрижување и воспитание на деца да се зголеми бројот на згрижени деца во воспитните групи до две годишна возраст – најмногу до 15 деца, а во воспитните групи од 2-6 годишна возраст – најмногу до 20 деца.

Со одлука на Владата, престанува да важи и наредената мерка со која се забранува користење на годишни одмори, платени и неплатени отсуства од сите вработени лица во здравствениот сектор, односно се дозволува нивно користење, согласно планот на раководителот на институцијата, без да се наруши нормалното и тековно функционирање на системот на работа во здравствените установи.

Како дел од овие мерки е и одлуката дека сите настани и други слични јавни активности (културни, научни и забавни), може да продолжат да се одржуваат согласно наменските протоколи до 30 % исполнетост на капацитетите во внатрешноста на објектите и до 50% исполнетост на отворените простори. Спортските настани и понатаму се организираат без физичко на присуство на публика.

 

*Фото Архива

 


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови


 

 


 

 


 

 

 

 

 

 

About the author /


Related Articles

Временска прогноза