ФК ДЕТОНИТ ШАМПИОНИ, ДОДЕЛЕН ПЕХАРОТ И ПОТВРДЕН ВЛЕЗОТ ВО ВТОРАТА ФУДБАЛСКА ЛИГА

Вчера на Градскиот стадион во Радовиш беше доделен пехарот и потврдена шампионската титула на ФК Детонит од Радовиш.

Овој пехар е неслучаен за најуспешната радовишка спортска екипа оваа година, затоа што пред самиот почеток на оваа сезона 2020/21 беше најавуван повратокот во повисок ранг на натпреварување – влез во Втората фудбалска лига.

ФК Детонит е клуб во сопственост на коорпорацијата Трајал од Србија најавува за следната сезона уште позвучни имиња кои ќе ги бранат боите на овој клуб, финансиски товарот е целосно на компанијата Детонит, со што се покажа успешното менаџирање и справување со предизвиците кои вродија со успех оваа сезона.

Менаџерскиот тим на чело во Владимир Чачаров, најавува уште една возбудлива сезона но овојпат во втората фудбалска лига надевајки се дека следниот натпревар ќе биде веќе со присуство на публика и нашите верни радовишани кои секогаш го поддржувале овој наш клуб.

 

ФОТО ГАЛЕРИЈА

ДОДЕЛУВАЊЕ НА ШАМПИОНСКИОТ ПЕХАР НА ФК ДЕТОНИТ 

 


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови


 

 

 

 


 

 

 

 

 

 

About the author /


Related Articles

Временска прогноза