ЈАВНИ ПОВИЦИ ЗА ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА ЗА УГОСТИТЕЛСКИОТ И ФИНАНСИСКИОТ СЕКТОР

Министерот за економија, Крешник Бектеши, и генералниот секретар на Владата, Мухамед Зеќири, денеска информираа дека се објавени седум јавни повици за финансиска поддршка за угостителскиот и туристичкиот сектор како дел од шестиот пакет економски мерки на Владата за поддршка на најпогодените сектори од ковид-кризата.

Јавните повици се однесуваат на туристичките агенции, туристичките водичи, естрадните уметници, компаниите организатори на настани, игротеките, приватните детски одморалишта, кабареата, ноќните клубови, дискоклубовите и рестораните за свадби.

Министерот за економија, Крешник Бектеши, информира дека шестиот пакет-мерки е во вредност од 17,8 милиони евра, а ќе се поддржат 10.000 компании и над 60.000 граѓани за што се очекува да дадат видливи резултати врз домашниот туризам и економијата.

„Со првите два повика што сега се објавени се опфаќаат естрадни уметници и туристички водичи, кои во текот на 2020 година имале просечен месечен нето-приход понизок од 15.000 денари, а финансиската поддршка ќе биде во нето-износ од 30.750 денари за лице. За јавните повици за: финансиска поддршка за компании – оператори од индустријата за организација на настани, агенции што организираат настани и други, за регистрирани игротеки и приватни детски одморалишта, за лиценцирани вршители на угостителска дејност кабаре, ноќен бар, дискоклуб и дискоклуб на отворен простор, за регистрирани и категоризирани ресторани за свадби и за лиценцирани туристички агенции, основа за пресметка на поддршката се земаат просечните месечни приходи остварени во 2019 година, а висината на поддршката се пресметува како износ од 30 % од просечниот месечен приход. Дополнително, секој регистриран активен субјект ќе добие финансиска поддршка во износ од 15.200 денари за вработен според бројот на ефективни работни часови, со пресек на 31.12.2020 година“, информира министерот Бектеши.

Бектеши прецизира дека кај туристичките агенции износот на средства што ќе биде доделен ќе биде во зависност од остварениот вкупен приход во 2019 година, бројот на вработени и видот на лиценцата, а ќе изнесува од 60.000,00 до 300.000 денари за правен субјект.

„Сакам да потенцирам дека за сите мерки, освен за водичи и естрадни уметници, секој правен субјект што ќе аплицира и на кој ќе му бидат одобрени средства, доколку на 31 декември има намален број вработени во споредба со почетокот на годината, тогаш има обврска да врати 50 % од примената финансиска поддршка, доколку во истиот период го задржал истиот број вработени, ќе има обврска да врати 20 % од вкупниот износ на финансиска поддршка и ако во истиот период има зголемен број вработени, тогаш ќе нема обврски за враќање средства во буџетот на Република Северна Македонија“, изјави Бектеши.

Генералниот секретар на Владата, Мухамед Зеќири, рече дека во рамките на досега подготвените шест пакети за ублажување на последиците донесени се 100-ина мерки, со кои се опфатени и поддржани субјектите и физичките лица погодени од пандемијата.

 

*фото Архива

 


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови


 

 


 

 


 

 

 

 

 

 

About the author /


Related Articles

Временска прогноза