ВОЛОНТЕРИТЕ ДЕЛ ОД ТИМОТ КОЈ ГО СПРОВЕДУВА ВАКЦИНИРАЊЕТО ВО РАДОВИШ

Волонтерите на Општинска организација Црвен крст Радовиш се дел од тимот кој го спроведува вакцинирањето во ЈЗУ Здравствен дом Радовиш, како логистичка и административна поддршка на медицинскиот персонал.
Тие се присутни на вакциналните пунктови и нивната помош е директно насочена кон населението пријавено за вакцина, преку нивно асистирање и пополнување на пропратната документација.
Црвениот крст како организација е активно вклучена во помош и поддршка за справување и ублажување на последиците од здравствената Ковид-криза.

 


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови


 

 


 

 


 

 

 

 

 

 

Related Articles

Временска прогноза