ИСПЛАТЕНИ СУБВЕНЦИИТЕ ЗА ТУТУНОТ

Директорот на Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, во изјава за Агротим соопшти дека денеска се исплатени субвенциите за тутунот.

„Дозволете да ве известам дека денес на вашите сметки се исплатени близу 1,7 милијарди денари на над 28.000 тутунари. Овие средства доаѓаат во вистински момент за македонските тутунари, кои активно стартуваат со новата производствена сезона“, рече меѓу другото Бачовски за Агротим.

Исто така потсети земјоделците дека рокот за аплицирање за финансиска поддршка е продолжен и ќе трае до 30 јуни 2021 година.

Висината на директните плаќања изнесува 80 денари по килограм за прва класа произведен и предаден тутун, 70 денари за втора класа , и 60 денари за трета класа произведен и предаден тутун од реколта 2020 година.

Владата заедно со надлежните институции, и покрај пандемијата заедно со оваа исплата од почеток на годината на сметките на земјоделците исплати близу 3,5 милјарди денари за субвенции по повеќе мерки.

„Средствата се веќе легнати на сметките на сите производители кои што произведениот тутун го предале во регистрираните откупни центри: Тутунски комбинат Прилеп, Алијанс, Сокотаб, Пашоски, Секе, Орбита табак, Кавекс Балкан, Мисириан и Бако.“ – информира Бачовски.


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови


 

 

 

 


 

 

 

 

 

 

Related Articles

Временска прогноза