ЛЕТНО СМЕТАЊЕ НА ПОЛИЦИСКИОТ ЧАС – дали ќе се донесе одлука за намалување на полицискиот час?

Координативен кризен штаб поради намалениот број на заразени и намалениот притисок во болниците со препораки од среда полицискиот час да почнува од 23 часот и да трае до 05 часот наредниот ден, а летните тераси и градини на угостителските објекти да работат до 22:30 часот.

Овие предлог-мерки треба да бидат разгледани на следната седница на Влада и би биле со важност од 5 мај 2021 година.

„ Главниот координативен кризен штаб го поддржа предлогот за измена на времетрањето на забраната за движење и на денешната седница ги разгледуваше предлозите кои ги дадовме. Врз основа на нив предложи на наредната седница на Владата да се усвои одлука за постојните мерки:

– забраната и посебниот режим на движење да почнува од 23:00 часот до 05:00 часот наредниот ден;

– време за работа на угостителските објекти за работа со посетители/гости во отворениот дел од угостителскиот објект (само летни тераси, градини, а не во затворениот дел) да биде до 22:30 часот, напиша министерот Венко Филипче

За време на продолжениот викенд вкупниот бројот на заразени продолжи да се намалува, и тоа од 14.747 на 30 април, на 13.915 на 3 мај.

Во истиот период вкупно новозразени беа 746, а оздравени 1.700 пациенти.

Вчера беа регистрирани 62 новозаболени и 398 оздравени пациенти, откако на 2 мај имаше 105 новозаболени и 403 оздравени пациенти, на 1 мај 214 новозаболени и 305 оздравени, а на 30 април 365 новозаболени и 594 оздравени.

Во меѓувреме започнува масовната имунизација на населението, во повеќе регионални центри низ државата – Скопје, Куманово, Штип, Кавадарци, Тетово, Охрид и Битола. Предвидено е да се вакцинираат меѓу 10 до 15 илјади граѓани на ден, со што здравствените власти очекуваат до почетокот на летото да имаме висок процент на вакцинирано население и целосно менување на епидемиолошката состојба.

Вкупно 200.000 кинески вакцини, кои пристигнаа минатата недела, се дистрибуирани во салата „Борис Трајковски“ во Скопје и регионалните центри во Куманово, Штип, Кавадарци, Тетово, Охрид и Битола, по што од денеска со нив ќе почне масовната вакцинација на населението. Здравствени власти најавуваат вакцинирање на бројка од меѓу 10 и 15 илјади граѓани на ден, и висок процент на вакцинирано население до почетокот на летото.

Министерот за здравство Венко Филипче, по пристигнувањето на 200 илјади вакцини „Синофарм“ во петокот најави дека се очекува да пристигнат и други големи количества на вакцини и тоа уште 600.000 од Кина и 26.000 од „Фајзер“.

Според Министерството за здравство, согласно вчерашниот ден на инфективните оддели низ земјава се лекуваат вкупно 1.085 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот и во ковид-центрите има 757 празни болнички кревети.

*Фото Архива


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови


 

 


 

 


 

 

 

 

 

 

Related Articles

Временска прогноза