РАДОВИШАНЕЦОТ ТОМЕ ДАНЕВСКИ СО УСПЕСИ ОД „BODYBUILDING & FITNESS WORD CHAMPIOSHIP“

Нашиот сограѓанин Томе Даневски кој во последната деценија е максимално посветен кон нутрицизмот и финесот, викендот што измина неговиот труд резултираше со едно големо достигнување и постигнување на високи резултати на BODYBUILDING & FITNESS WORD CHAMPIOSHIP во Копер, Република Словенија.


Целиот успех се резултати со основање на неговиот концепт за здрав –живот IZIDA LIFE, изработка на програми за исхрана, и фитнес. Во 2017 беше учесник на Европски шампионат во BODY BUILDING, каде се пласираше во првите топ 10 на европско ниво.

Во меѓувреме имаше ангажман од Интернационалната Боди билдинг и фитнес федерација IBFF, како предавач во делот на нутрицизмот и фитнесот за едуцирање на новите фитнес инструктори. Веќе една година е ангажиран во најреномираниот фитнес клуб во регионот на европско ниво, Puise Fitnes&Spa во Струмица, каде води персонални и групни тренинзи.

Изминатиот викенд се одржа BODYBUILDING & FITNESS WORD CHAMPIOSHIP во Копер, Република Словенија. Даневски, ја претставуваше нашата држава во 3 категории, во кои постигна високи резултати.

  1. Категорија Masters, освоено 5 то место.
  2. Kатегорија Mr Fitnes Tall, 4 то место.
  3. Категорија Mr.Atletic, 4 то место.

Тој во оваа прилика истакна дека со поставена цел, вложен труд, стручност и посветеност се постигнуват и резултати на светско ниво, Томе истакна благодарност до сите поддржувачи и неговата фамилија.  

 


 

Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови


 

 

 


 

 

 

 

 

 

About the author /


Related Articles

Временска прогноза