Приоритет е преку модерни и безбедни патишта да обезбедиме регионално поврзување со земјите од ЕУ, да обезбедиме поголем регионален развој, побрза комуникација и подобар живот за сите наши граѓани.
– На почетокот на овој месец ја пуштивме во употреба првата делница од експресниот пат од Штип до Бучим во должина од 23 километри, а оттука сакам јавно да ветам дека делницата од Бучим до Радовиш ќе биде готова до наесен, рече Бочварски за време на вчерашната посета на Радовиш.
Најави дека преку ЈП за државни патишта, кон крајот на годината ќе почне проектирањето на нов експресен пат од Струмица до границата со Бугарија и со тоа се создава брза патна врска од Штип преку Радовиш и Струмица до граничниот премин.
*фото Архива
Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови