Советот на општина Радовиш вчера ја одржа својата 57 работна седница.
Седницата беше закажана за 14.00 часот, но започна скоро еден час подоцна од предвидениот термин, а беше одржана во СОУ „Коста Сусинов“ Радовиш.
Дневниот ред од 26 точки, беше дополнет со уште три точки кои беа гласани и влегоа во Дневниот ред.
Од страна на советниците беше предложена допуна на дневниот ред со точка: Одлука за укинување на одлуката „реконструкција на градското шеталиште“, предлог за изградба инфраструктурен објект „Повеќенаменско спортско игралиште“ во село Калаузлија, и предлог за префрлање средства за реконструкција на домот на културата во с. Ињево.
Од дневниот ред беше повлечена една точка за понатамошно разгледување и тоа „Разгледување и усвојување методологија за распределба финансиски средства на спортски клубови, здруженија и др.“. Со овие точки дневниот ред броеше 25 точки и сите беа разгледани и усвоени.
На оваа седница беше донесена и Предлог Одлука за измени и дополнувања на буџетот на општината.
Советниците поставуваа Советнички прашања доставени од граѓаните од Радовиш и населените места до надлежните, но според реакциите на дел од советниците тие не добиле адекватен одговор и објаснувања на поставените прашања.
Според Советниците, овие Советнички прашања и одговори се болна точка на сите советници кои изминатиот период многу ретко добиваа одговор и повратно ги информираа граѓаните за проблемите и можните решенија за решавање.
ДНЕВЕН РЕД – РЕШЕНИЕ 57 СЕДНИЦА
Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови