Под влијание на многу топла воздушна маса од југ, времето ќе биде стабилно и многу топло со натпросечни температури за овој период од годината, информира УХМР.
Времето денес сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. УВ=8
Утре исто така ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност, попладне со услови за краткотрајна нестабилност во планинските подрачја. Ќе дува слаб до умерен северозападен, а во западните делови западен ветер. УВ=8
Денес во попладневните часови ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Од утре под влијание на многу топла воздушна маса од југ, времето ќе биде стабилно и многу топло со натпросечни температури за овој период од годината.
Утре насекаде ќе бидат над 30, а во следните денови во повеќе места над 35, додека во најтоплите делови од земјата ќе достигнат околу 40 степени.
Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови