СВАДБИ И ВО ЗАТВОРЕН ПРОСТОР, МАКСИМУМ 250 ЛИЦА

Од утре 1 јули свадби може да се организираат и во затворен простор со максимум 250 лица, но не повеќе од 40% од капацитетот на просторот.

Како што објави на својот фејсбук профил министерот за економија Крешник Бектеши, Владата го прифатила предлогот на Министерството за економија, да се дозволи организирање на свадби и во затворени простории со максимум 250 лица, но не повеќе од 40 отсто од капацитетот на просторот.

Заменик министерот за здравство, Илир Хасани објасни дека подобро е да се дозволи организирање на свадби во затворените ресторани со лимитиран број на гости отколку луѓето да се собираат неконтролирно по некои ќошиња.

Министерот за здравство Венко Филипче пред некој ден  кажа дека постои огромен притисок од лицата кои сакаат да организираат свадбени прослави но дека епидемиолозите се поделени по ова прашање.

 

*Фото Архива


 

Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови


 

 

 


 

 

 

 

 

 

 

 

About the author /


Related Articles

Временска прогноза