ПРИСТИГА ПОГОЛЕМА КОЛИЧИНА НА ВАКЦИНИ ПРОТИВ „КОВИД 19“

Вакцини „Фајзер” преку Ковакс механизмот се очекува да пристигнат денеска во Македонија.

Откако ќе биде добиена дозвола за пуштање на сериите во промет од Агенцијата за лекови тие ќе се дистрибуираат низ државата од почетокот на следната недела. Ова го најави министерот за здравство Венко Филипче, кој рече дека задутре во 14 и во 16 часот на аеродромот во Скопје ќе пристигнат 500 илјади дози од вакцините „Синовак”.

Тој смета дека засега нема голем ризик од нов бран на пандемијата со Ковид-19, но порачува на внимателност и најавува забрзано темпо на вакцинација. Во кој процес, како што посочи, сега приоритет ќе имаат наставниците за да може да почнат со работа училиштата од наесен, за што веќе се финализираат протоколите.

Нашата проценка и сите анализи што ги правиме на состојбата во околните земји, укажува дека некој голем ризик од нов бран сега во скор временски период нема, но тоа не значи дека не треба да бидеме внимателни и будно да ја следиме состојбата. Има случаи на заразени граѓани дури и вакцинирани во некои земји со индискиот сој, а тоа што е добро е дека во огромен процент над 97, 98 проценти, тие случаи не бараат хоспитализација, што значи дека клиничката слика е послаба. Затоа сега следи навистина едно навистина забрзано темпо на вакцинација ширум државата во сите пунктови, истакна Филипче.

Вакцинацијата против Ковид-19 се одвива непречено на сите пунктови низ државата.

 

*Фото Архива


 

Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови


 

 

 


 

 

 

 

 

 

About the author /


Related Articles

Временска прогноза